Достапни линкови

Претепан српскиот новинар Теофил Панчиќ


Познатиот српски новинар Теофил Панчиќ е претепан синоќа додека се возел во автобус во Земун, во Белград. Теофил Панчиќ пишува за белградскиот неделник Време, а е редовен колунист на интернет страницата на балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Нападот го извршиле двајца мажи кои првин го следеле новинарот, а потоа влегле со него во автобусот. Тие го тепале Панчиќ со метални шипки пред очите на другите патници во автобусот. Новинарот има повреди по главата и рацете.

Панчиќ, во разговор за Радио Слободна Европа, вели дека нападот не е случаен, тука планиран.
.
„Кога влегов во автобусот влегоа и две момчиња веднаш зад мене, очигледно дека чекаа. И веднаш почнаа, едниот ме удираше од
Не ме ограбија туку во прашање е нешто лично, станува збор за смислен
напад.
едната страна, другиот од другата. Едноставно ме удираа без да кажат збор или, пак, јас не бев свесен дека зборуваат. Не ме ограбија туку во прашање е нешто лично, станува збор за смислен напад. Нападот се случуваше пред очите на сите патници, и никој не реагираше на никаков начин. Никој не сакаше ниту да ја дочека полицијата, дури ни возачот. Сите си отидоа.“

Теофил Панчиќ

Панчиќ е колумнист во српскиот неделник Време. Нападот врз него е уште еден од низата напади на новинари кои пишуваат за весникот. Прво беше киднапиран еден новинар, потоа беше подметана бомба во станот на друг, а полицијата во ниту еден случај не го откри напаѓачот. Од редакцијата побарале, надлежните да го истражат случајот и да го пронајдат сторителот на нападот врз новинарот Панчиќ. Неделникот Време е познат по својата критика на национализмот.

Панчиќ вели дека не знае што би можело да биде причина за нападот, освен неговите текстови. Тој вели дека нема проблеми со никого и не му должи ништо на никого. Од полицијата добил ветување дека ќе го расчистат настанот.

„Ќе им верувам се додека не ме демантираат, а се надевам дека нема“, вели Панчиќ.

Нападот го осудија здруженијата на новинари, разни организации и партии.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG