Достапни линкови

logo-print

Нови дождови во поплавените кинески провинции


Кинеските власти предупредуваат дека и денeска ќе има дождови и невреме во тешко погодените области од поплавите. Досега во поплавите загинаa или се исчезнати 1.100 луѓе. Од хидрометеоролошкиот центар предупредуваат дека поројните дождови ќе продолжат во областа Сечуан каде поради поплавите се евакуирани 100 илјади луѓе. Властите соопштуваат дека од поплавите се погодени 120 милиони луѓе, а штетите се проценуваат на околу 22 милијарди долари. Овие поплави се најлошите во изминатата деценија. Властите стравуват да не им се повтори 1998-та кога 4000 луѓе загинаа а беа евакуирани 18 милиони луѓе за да се спасат од полавите.
XS
SM
MD
LG