Достапни линкови

Притвор за гувернерот на Косово


Судот во Приштина му изрече мерка притвор во траење од 30 дена на Хашим Реџепи, гувернер на Централна банка на Косово. Тој беше уапсен во петокот од инспекторите на одделот за борба против корупцијата на косовската полиција. Припадниците на овој оддел и нивните колеги од ЕУЛЕКС извршија претрес во канцелариите на банката во Приштина и во седум канцеларии во други градови на Косово. Според медиумите претресите се извршени во рамките на истрагата за корупција и финансиска злоупотреба, а Реџепи е осомничен за злоупотреба на службената должност, примање мито, прикривање данок и перење пари. Реџепи како гувернер прима месечна плата од 4.300 евра и е втор на списокот со највисоки месечни примања во косовоксите институции, по првиот човек на Пензискиот фонд на Косово, кој има месечна плата од 5.500 евра.
XS
SM
MD
LG