Достапни линкови

Камбоџа очекува пресуда за водачот на Црвените Кмери


Судот за воени злосторства во Камбоџа утре ќе ја објави пресудата за шефот на Црвените Кмери, Дуч. Ова е прв случај некој од раководството на Црвените Кмери да се соочи со правдата . На Дуч му се судеше 9 месеци за убиство на 15 илјади луѓе пред повеќе од три децении. Утре треба да се донесе пресуда по обвиненијата за воени злосторства, злосторства против човештвото, тортура и убиство со предумисла . Објавувањето на пресудата ќе се емитува во живо на сите телевизии и радија во Камбоџа. Вистинско име на Дуч е Каинг Гвек Ев и тој е единствениот висок преставник на Црвените Кмери кој ја призна својата одговорност пред Трибуналот.

XS
SM
MD
LG