Достапни линкови

logo-print

Лицата со посебни потреби во Дебар


Дебар

Дебар

Лицата со посебни потреби во Дебар се активни и имаат големо влијание во средината во која живеат.

Во општина Дебар, лицата со посебни потреби се организирани во неколку здруженија, преку кои тие се интегрираат во бројни општествени активности. Еден помал број на овие лица, и покрај хендикепот што го имаат, се видни активисти и не им пречи нивната инвалидност, тие да постигнуваат многу добри успеси.
Јас сум претседател на општинското здружение на телесните инвалиди , но воедно сум и член на извршниот одбор на национално ниво, член на Кординативното тело на сите здруженија на лицата со инвалидност во Македонија.


Буран Бала има 55 години, по професија е наставник по музичко воспитување и е познат не само во Дебар туку и пошироко за неговите активности во здруженијата на лицата со посебни потреби, но тој е и истакнат музичар и раководител на КУД. Инвалидноста на долните екстремитети не му пречи тој да биде личност со големо влијание во неговата средина .

„Јас сум претседател на општинското здружение на телесните инвалиди, но воедно сум и член на извршниот одбор на национално ниво, член на Кординативното тело на сите здруженија на лицата со инвалидност во Македонија“, вели Бала.

Споменикот на Скендербег во центарот на Дебар

Тој додава дека и покрај сите проблеми, кога се сака, секој може да работи. Не само нашава земја туку и другите земји во светот се соочија со актуелната економска криза, но факт е дека таа криза најмногу ги погодува лицата со посени потреби.

Буран Бала е познат музичар и интерпретатор на албанската дебарска изворна музика и моментално раководи со едно локално културно-уметничко друштво.

„Од детство започнав да се занимавам со музика. Според моите можности оценив дека тука, во оваа сфера, ми е местото. Бев и добар талент. Со КУД добро работеме, ама имаме слаба подршка од локалната власт со финасии, но и другите институции кои треба да ја помагаат културара“, вели Бала.

Во низата значајни проекти подготвувани од Бала во интерес на лицата со посебни потреби и неговиот последен проект со кој се очекува да создаде ансамбл на музичари кои се лица со посебни потреби. Бала најавува и бројни активности со невладините организации во кои е член, а наскоро се очекува да објави и една публикација за положбата на лицата со посебни потреби во овој регион.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG