Достапни линкови

Неделен печат


Ване Цветанов
Ване Цветанов

„Груевски допрва ќе види што е ноќна мора, а јас ќе му бидам вмровски кошмар секој ден!“, вели во интервју за Фокус, Ване Цветанов.

Фокус: Интервју - Ване Цветанов

„Груевски допрва ќе види што е ноќна мора, а јас ќе му бидам вмровски кошмар секој ден!“, го цитира на насловната страница најновиот број на неделникот Фокус, екс-директорот на Агенцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов. Се сеќавате, нели, оној што пред некој ден поднесе оставка, како што изјави тој, или беше разрешен од функцијата од страна на Владата на Груевски, како што изјави Владата. Кој ќе им го знае, но, во опширното интервју за неделникот, Цветанов фрла дрвја и камења по премиерот, по неговите најблиски соработници, по ВМРО-то на Груевски… Фокус го претставува како човек кој во времето на расколот во партијата е меѓу малцинството од Унијата на младите сили кое застанува зад Груевски наспроти Георгиевски, затоа што, според неговите зборови, верувал дека Груевски имал искрени намери и дека е реформатор. А денес се извинува што своите роднини и пријатели ги довел во заблуда да гласаат за Груевски. Во интервјуто, Цветанов го изнесува мислењето дека премиерот и лидер на владејачката партија Груевски е нарачателот на неговата егзекуција, додека министерот за правда Маневски - е само
Ване Цветанов
извршителот. Сценаријата за сите потези на партијата ги прави спин-докторот Мартин Протуѓер, кој прави сценарија пред секоја седница на највиските органи и тела на ВМРО-ДПМНЕ, вели Цветанов. Исто така, поранешниот директор на Агенцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, во интервјуто за Фокус открива дека во Македонија владеат 50 моќници без оглед кој е на власт и дека тие успеваат да го седнат в скут секого што ќе дојде на чело на власта во државава.

Глобус: „Нова мапа на македонските поделби“

Неделникот Глобус, и насловната и водечка анализа ја посветува на, како што пишува, „Новата мапа на македонските поделби“. Имено, „Нема левица и десница“, констатира неделникот и наместо еднодимензионалната оска лево-десно, предлага тридимензионална слика во рамките на која политичката ориентација би се одредувала според три нивоа. Накусо, во Македонија на едниот крај би биле политичките Југословени кои имаат резерва кон самостојната национална реализација на Македонците; второто ниво би биле Македонците кои сметаат дека Македонија може и треба да биде независна, но на кои регионалните поврзувања и поблиските интеграции не им се туѓи, туку напротив, многу им се важни, и на третото ниво на поделбата би биле вмровците кои сметаат дека времето на транзиција е време на транзиција на Македонија од југословенската опција преку независната, кон некоја варијанта која во реалниот исход е блиска до бугарската кауза. Тоа е единствениот национализам кој закономерно води во темелна национална деструкција на народот што сака да го претставува, пишува Глобус во анализата на македонското политичко милје.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG