Достапни линкови

Моралес сака итна средба за односите Колумбија -Венецуела


Боливискиот претседател Ево Моралес, повика претседателите на јужноамериканските држави да одржат итен состанок на кој ќе се зборува за влошените односи меѓу Колумбија и Венецуела. Моралес изјави дека регионот е на работ на војна поради про-американсите политики на претседателот на Колумбија Алваро Урибе. Претседателот на Боливија ги повика претседателите од регионот да најдат мирен начин за решвање на спорот. Претседателот на Венецуела Хуго Чавез ги прекина односите во Колумбија во четвртокот откако Богота обвини дека Венецуела е засолниште на левичарски бунтовници.
XS
SM
MD
LG