Достапни линкови

logo-print

САД:Северна Кореја да се воздржи од провокации


Вашингтон повикува Северна Кореја де не користи провоцирачки зборови и да не се користи со заплашување како одговор на заедничката воена вежба меѓу САД и Јужна Кореја. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули, изјави дека не се заинтересирани за војна со зборови со Северна Кореја и од нејзе очекуваат помалку провокации, туку повеќе конструктивна работа. Северна Кореја се закани дека ќе искористи нуклеарно заплашување како одговор на престојната заедничка вежба на Јужна Кореја и Соединетите држави. Од севернокорејската Национална Комисија за одбрана соопштиле дека земјата е подготвена да искористи нуклеарно заплашување и да започне света војна против САД и Јужна Кореја. Заедничките воени вежби треба да започнат утре.Вежбите се наменети за обесхрабрување на идните агресии на Северна Кореја .
XS
SM
MD
LG