Достапни линкови

ЕУ ги поздрави стрес-тестовите на банките


Европските банки по спорведените стрес тестови покажале дека се флексибилни и имаат висок степен на отпорност во банкарскиот сектор. ЕУ денеска го пофали резултатот од тестовите. Белгискиот министер за финнасии Дидие Рејндер говорејќи во името на ЕУ изјави дека таквите тестови биле потребени за да се испита пазарот и сесе докаже дали банките се доволно силни да издржат нова економска криза. Комитетот на супервизори на европските банки во Лондон вчера ги објави наодите од тестирањата на 91 банка, вклучувајки и институции од Грција, Португалија, Шпанија и Германија. Стрес – тестовите се наменети за подобрување на довербата во здравите банки и идентификување на институциите кои треба да се докапитализираат за да го задржат или обноват својот кредибилитет
XS
SM
MD
LG