Достапни линкови

logo-print

Сејдиу:барање за членство во ОН наредната година


Претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу најави дека во 2011 неговата земја би можела да поднесе барање за членство во Обединетите Нации. Сејдиу изјавил дека сака да верува дека следната година ќе може да се поднесе барањето иако знае дека се потребни нови признавања на Косово. Медиумите во Приштина пишуваат за очекувањата за нови признавања на независноста, откако во четвртокот Меѓународниот суд во правдата донесе советодавно мислење, според кое, прогласувањето на независноста на Косово не билo во спротивност со меѓународното право.
XS
SM
MD
LG