Достапни линкови

logo-print

Телефонски разговор Обама -Абдула Втори


Американскиот претседател Барак Обама и јорданскиот крал Абдула Втори во телефонски разговор зборувале за напорите за обновување на мировните разговори меѓу палестинците и Израелците, соопштиле од кралската палата во Аман. Обама зборувал за мерките кои може да се преземат за да се постигне видлив напредок во преговорите. А јорданскит крал ги поздравил напорите од американска страна што за расчистување на конфликтот , при што се гарантира формирање на палестинска држава која ќе живее во мир со израелската, се наведува во соопштението од кралската палата. Американскиот претседател на почетокот на овој месец повтори дека се залага за формирање на палестинска држава.
XS
SM
MD
LG