Достапни линкови

Шпанија ќе екстрадира воен злосторник во БиХ


Веселин Влаховиќ, познат како „Чудовиштето од Грбавица“, кој е обвинет за воени злосторства, ќе биде екстрадиран од Шпанија во Босна и Херцеговина, одлучи вчера шпанската Влада. Влаховиќ замина да живее во Шпанија откако избега од затвор во Подгорица во март 2001 година. Според босанското обвинителство тој е обвинет за убиство, малтретирања и насилство на луѓе во сараевскиот кварт Грбавица за време на војната во Босна. Влаховиќ признал пред шпанската полиција дека убил повеќе од 100 муслимани.
XS
SM
MD
LG