Достапни линкови

logo-print

Продложува расправата за Деловникот


Во Собранието денеска е закажано ново продолжение на вчерашната седница на кое треба да се расправа за измените и дополнувањата на собранискиот Деловник. Опозицијата се изјасни дека ќе гласа против затоа што, според нив, парламентарното мнозинство ги носи измените на Деловникот без консензус. Според парламентарното мнозинство на координациите кај претседателот на Собранието бил постигнат договор и со измените се јакне моќта на законодавниот дом, на опозицијата, но и контролната улога над извршната власт и надзорната улога на Парламентот. Власта и опозицијата не се согласуваат околу формата на телото што треба да ја има контролата на трошењето на народните пари. Пратениците од помалите опозициски партии, вчера исто така се изјаснија дека ќе гласаат против предложените измени и дополнувања, поради тоа што не учествувале на координациите.
XS
SM
MD
LG