Достапни линкови

Седница на српската влада за Косово


Српската Влада на денешната седница реши да му предложи на Парламентот усвојување документ со кој ќе биде остварено единство по прашањето за територијаленот интегритет на Србија. На седницата, на која учествуваше и шефот на државата Борис Тадиќ, е анализирана ситуацијата по изнесувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата за Косово. Српскиот премиер Мирко Цветковиќ најави дека Белград ќе ја продолжи борбата за своите ставови во Обединетите нации. Тој оцени дека МСП не одговорил на суштинското прашање на Србија за легалноста на прогласената независност на Косово.
XS
SM
MD
LG