Достапни линкови

САД: обвинувањата против Венецуела, сериозни


Стејт департментот денеска соопшти дека обвинувањата оти Венецуела на нејзина територија засолнувала левичарски герилици од Колумбија треба да бидат сериозно земени предвид. Претходно, Колумбија соопшти дека околу 1500 колумбиски герилци се криеле на територијата на Венецуела. По ова претседателот на Венецуела Уго Чавез ги прекина односите со Колумбија. Тој овие наводи ги оцени како агресија, поттикната од Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG