Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ: опозицијата не сака Деловникот да биде усвоен


,,ВМРО ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ за Деловникот, а единствено логично образложение зошто се повлекува од измените е оти знае дека Деловникот е еден од условите за Македонија да добие позитивен извештај од ЕК, изјави Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ. Според него, со последните усогласувања ВМРО ДПМНЕ ги прифатила сите 24 барања на СДСМ меѓу кои и барањето за задолжителна точка на дневен ред. Претходно Јани Макрадули од СДСМ изјави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува на закажаната срeдба и на работните тела поврзани со измените на Деловникот затоа што тој до собранието бил испратен само со потпис на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
XS
SM
MD
LG