Достапни линкови

logo-print

Груевски: Нимиц комуницира поактивно


,,Разговорите за името се одвиваат во Њујорк под покровителство на медијаторот Метју Нимиц,, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со тоа дали се водат тајни преговори како што објавија некои грчки и македонски медиуми. ,,Во последните неколку месеци Нимиц комуницира со двете страни многу поактивно отколку во минатото. Се надевам дека во блиска иднина ќе има некаков нов момент. Засега нема никаков нов сигнал,, рече Груевски, додавајќи дека немал информации оти Нимиц наскоро ќе дојде во Скопје.
XS
SM
MD
LG