Достапни линкови

Генерал Макаров: Русија ќе ја обнови соработката со НАТО


Русија денеска соопшти дека е подготвена да ја обнови воената соработка со НАТО, замрзната речиси две години како резултат на војната во Грузија. Ова го изјави Генерал Николај Макаров, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили по состанокот во Москва со Адмирал Џанпаоло ди Паола, шеф на Воениот комитет на НАТО.
Русија, според Генерал Макаров, е подготвена повторно да бара заеднички одговори за современите предизвици и закани за меѓународната безбедност.
XS
SM
MD
LG