Достапни линкови

logo-print

МНР - Одлуката на Судот за Косовската независност позитивна


Министерството за надворешни работи соопшти дека со особено внимание го проследи донесувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во однос на побараното советодавно мислење за легалноста на декларацијата за независност на Косово, оценувајќи ја како значајна на релевантен меѓународен орган, со специфична меѓународно правна тежина.
МНР цени дека со тоа се потврдува меѓународно правниот кредибилитет на политиката на Република Македонија во однос на признавањето на независноста на Косово.
Министерството, како што наведува во соопштението, верува дека ваквото мислење на Меѓународниот суд на правдата претставува добра основа и силен поттик за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за отворање ново поглавје во градењето меѓусебна доверба меѓу државите во регионот
XS
SM
MD
LG