Достапни линкови

Во севернииот дел на Косовска Митровица е мирно


Ситуацијата во северниот дел на Косовска Митровица е мирна по искажаното мислење на Меѓународниот суд во Хаг дека едностраната независност на Косово не го прекрши меѓународното право, јавија агенциите.
Освен косовската полиција, и војници на КФОР се разместени на неколку места во заедничките градски зони, во кои освен Срби живеат и Албанци.
На главниот мост на реката Ибар, што го дели северниот од јужниот дел на градот, се разместени неколку возила на ЕУЛЕКС и Косовската полициска служба.
XS
SM
MD
LG