Достапни линкови

Северна Кореја се закани со физичка сила на новите санкции


Северна Кореја најави дека "физички ќе одговори" на мерките преземени од страна на САД против оваа комунистичка држава по тонењето на еден јужнокорејски воен брод за што беше обвинет Пјонгјанг. Вашингтон претходно најави и нови санкции против владеачката елита на Северна Кореја. САД и Јужна Кореја најавија и заеднички поморски вежби кои треба да започнат в недела. Според меѓународна истрага, Северна Кореја е одговорна за тонењето на јужно корејскиот воен брод во која загинаа 46 јужнокорејски војници. Северна Кореја негира каква било инволвираност.
XS
SM
MD
LG