Достапни линкови

Загриженост за Буџетот


По првиот ребаланс, кога се обелоденија проблемите со полнењето на народната каса, и по повлекувањето пари од ММФ економистите сметаат дека Буџетот е во криза.

Граѓаните и експертите се загрижени за состојбата на Буџетот. По првиот ребаланс, кога се обелоденија проблемите со полнењето на народната каса, и по повлекувањето пари од ММФ, економистите претпоставуваат дека Буџетот е во криза, а дел од граѓаните се загрижени дека ќе нема пари за плати и пензии. Од Владата, пак, напоменаа дека проблемите со прибирањето на пари биле последица од економската криза во првите три месеци од годината и нагласија дека состојбата се подобрува. Економската теорија диктира дека
Ако веќе државата се задолжува по голема цена, односно со високи камати, тогаш треба да се внимава на што се должат парите или да се земат позајмици со пониска цена, со пониска
камата.
најидеално е покривање на трајните расходи, како надоместоци за плати и пензии со трајни приходи, како приливи од даноци. Но во последно време во јавноста се шпекулира дека власта се задолжува за да ги исплати платите за административците и пензиите.

Од тука се поставува и прашањето дали ако, популарно кажано, „пукне“ задолжувањето, граѓаните и приватниот сектор ќе мора да го плаќаат цехот за плати и пензии преку зголемени даноци и други давачки? Според професорот Ванчо Узунов, државата секогаш ќе биде во можност да позајми пари од некаде, но прашање е под кои услови.

„Ако веќе државата се задолжува по голема цена, односно со високи камати, тогаш треба да се внимава на што се должат парите или да се земат позајмици со пониска цена, со пониска камата. Паралално на тоа нормално да се работи и на реформа на трошоците во буџетот, тоа е таа реформа што Македонија треба сега да ја направи пред да дојде во ситуација како Грција.“


Од власта беа децидни дека аранжман со Меѓународниот монетарен фонд нема да се склучи и покрај тоа што, според упатените, нивните пари се доделуваат под поповолни услови за разлика од комерцијалните кредити. Македонија, имајки го предвид кредитниот рејтинг, се задолжува кај приватници со камати од десетина проценти.

Освен експертите, загриженост се забележува и меѓу граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк на нашата интернет страница.

„На се влијае, влијае на стандарот на граѓаните.“

„Треба малку домаќински да се трошат парите.“
Веќе не им плаќаат ни на своите фирми од кои имаат нарачано некоја услуга па во скоро време ќе почнат да пропаѓаат многу компании.


Коментарите на слушателите во оваа рубрика исто така не влеваат оптимизам за последниот ребаланс на народната каса

„Страв ме фака. Што ако во еден момент нема ни за плати, пензии за боледувања ? 24/7 ? Што правиме?“ се прашува слушател кој во „Хајд Парк“ се претставува како „АД“ од Струга.

„Пари во државата веќе нема. Владата може да се спаси само со нови кредити, ама и тука ќе пукне. Веќе не им плаќаат ни на своите фирми од кои имаат нарачано некоја услуга па во скоро време ќе почнат да пропаѓаат многу компании. Е тука ќе биде крајот и на плати и на пензии“, коментира Аце од Скопје.

Инаку, последен знак за загриженост меѓу упатените беше иницијативата на власта за повлекување на 70 милиони евра од ММФ, пари кои на земјава и следуваат од специјалните права за влечење од квотата на меѓународната организација. Економистите го интерпретираа овој потег како знак дека Буџетот е влезен во криза.
XS
SM
MD
LG