Достапни линкови

Бегство на терористи од ирачки затвор


Ирачкиот министер за правда Дара Нуредени изјави дека четири лица поврзани со Ал Каеда избегале од затворот во близина на Багдад кој деновиве Соединетите држави им го предале во контрола на ирачките власти. Според извештаите, исчезнало и лицето кое било одговорно за тој дел од затворот во кој има над 1500 затвореници. На четворицата затвореници требаше да им се суди за тероризам.
XS
SM
MD
LG