Достапни линкови

logo-print

Обама ги повика ирачките партии да формираат влада


Американскиот претседател Барак Обама ги повика политичките партии во Ирак да формираат влада без понатамошно одлагање. Обама го испрати писмениот апел по средбата со американскиот амбасадор во Багдад Кристофер Хил и командантот на американските сили во Ирак, Генерал Реј Одиерно. Изборите во Ирак се одржаа во Март годинава, но коалициските партнери кои победија на изборите до сега се согласија само околу тоа кој ќе ја превземе премиерската функција, што ги возобнови грижите за можна нестабилност во земјата.
XS
SM
MD
LG