Достапни линкови

logo-print

Стрес тест на европските банки


Инвеститорите денеска ги очекуваат резултатите од стрес – тест кој би требало да покаже дали банките во Европа се доволно силни да издржат нова економска криза. Комитетот на супервизори на европските банки во Лондон денеска треба да ги објави наодите од тестирањата на 91 банка, вклучувајки и институции од Грција, Португалија, Шпанија и Германија. Стрес – тестовите се наменети за подобрување на довербата во здравите банки и идентификување на институциите кои треба да се докапитализираат за да го задржат или обноват својот кредибилитет.
XS
SM
MD
LG