Достапни линкови

logo-print

Апел за признавање на косовската независност


Лидерите на Косово и Соединетите американски држави испратија апел до земјите кои не ја признале косовската независност, да го сторат тоа во догледно време. Апелот на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и косовскиот премиер Хашим Тачи следи по одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, во која се вели дека прогласувањето на независноста на Косово во 2008 не го прекршува меѓународното право. Српскиот претседател Борис Тадиќ, од друга страна, го одби барањето за признавање на косовската независност, изјавувајки дека одлуката на Меѓународниот суд не дава правна основа за таков потег. Решавање на косовскиот проблем е можно само по пат на преговори меѓу заинтересираните страни врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко.
XS
SM
MD
LG