Достапни линкови

Бајден и Тадиќ за независноста на Косово


Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во телефонски разговор со српскиот претседател Борис Тадиќ ја потврди целосната поддршка на Вашингтон за демократско и мултиетничко Косово, соопшти Белата куќа. Во разговорот, направен пред соопштувањето на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг за легитимноста на прогласената независност на Косово, Бајден го изразил непроменливиот став на САД кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и ја повика српската Влада да работи за конструктивно решавање на практичните проблеми со Косово. Попладнево, Меѓународниот суд на правдата изнесе мислење дека со прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година, не е прекршено меѓународното право.
XS
SM
MD
LG