Достапни линкови

МСП:Независноста на Косово во согласност со меѓународното право


Меѓународниот суд з аправда во Хаг утврди дека едностраната декларација за независноста на Косово е во согласност со меѓународното право, зато што во правото не се содржани забрани за такви декларации, соопшти денеска претседателот на судот Хисаши Овада. Србија го поднесе случајот до Меѓународниот суд на правдата во 2009 година, велејќи дека декларацијата на Косово е "флагрантно кршење" на територијалниот интегритет на Србија. Расправата пред Меѓународниот суд започна на 1 декември минатата година, а 29 држави веќе го имаат изнесено своето мислење во однос на легалноста на прогласената независност на Косово. Досега Косово го признале 69 земји меѓу кои САД и најголем дел од земјите челнки ан ЕУ.
XS
SM
MD
LG