Достапни линкови

Осудена организаторката на турата со бродот „Илинден“


Регионалниот суд во Димитровград ја прогласи бугарската организаторка на екскурзијата во Охрид, Борјана Георгиева за виновна, затоа што извршила надворешно-туристичка активност без потребната регистрација, што е против бугарскиот закон за туризам. Таа ќе треба да плати 4500 лева казна, и освен тоа во период од две години и е одземена дозволата да врши било каква комерцијална активност. При организирањето на екскурзијата од страна на Борјана Георгиева минатиот септември, загинаа 15 бугарски државјани, кога се преврте бродот со кој се превезуваа по Охридското езеро
XS
SM
MD
LG