Достапни линкови

Нобеловецот Туту се повлекува од јавниот живот


Нобеловецот Дезмонд Туту од Јужна Африка денеска изјави дека ќе се повлече од јавниот живот во октомври кога ќе наполни 79 години. Поранешниот бискуп во Кејп Таун изјавил дека е време да се повлече и да и се посвети на фамилијата. Туту, Нобеловата награда за мир ја доби во 1984-та, по што се засили меѓународната кампањата против апертхејдот. Подоцна стана шеф на Комисија за вистина и помирување на Јужна Африка која работеше на истрагата на злосторствата кои се случиле за време на апертхејдот.
XS
SM
MD
LG