Достапни линкови

logo-print

Измени во турскиот закон против тероризам


Турскиот Парламент денеска усвои измени на законот против тероризам со кој се ублажуваат законските одредби кои се користат за казнување на курдското малцинство поради учество во протести. Измените на законот најмногу се однесуваат на децата кои учествуваат на нелегални протести или пак имаат улога во ширењето на сепаратистичката пропаганда. Тие повеќе нема да се соочуваат со законот против тероризам, туку таквите случаи ќе му се предадат на судот за малолетници. Досега стотици курдски деца се соочиле со законот против тероризам, и се испраќани во затвор заедно со возрасните и тоа за мали престапи како фрлање на камења кон турските сили или учество на протест за подршка на Курдската работничка партија.
XS
SM
MD
LG