Достапни линкови

Собраниска криза


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Според експертите, со лошиот политички дијалог во Парламентот веќе е испратена негативна слика, што сигурно ќе биде забележано во есенскиот извештај.

И онака лошиот политички дијалог во парламентот лесно западна во 20-дневна агонија која што испрати и содветни сигнали кон меѓународните претставници. Кому му беа потребни многубројните епизоди од летната серија меѓупартиски координации или чија слабост ја менифестираа? Експертите велат – во прашање е собирање ситни политички поени, но погрешна е и перцепцијата и на власта и
Така не се гради здрава политичка култура и здрава парламентарна демократија. Овие се лекции, тоа е најстрашното, што се даваат на почетокот од транзицијата, што значи дека во раните 90-ти требаше овие работи да ги апсолвираме.
на опозицијата дека ваквиот ефект ќе биде постигнат. Меѓународните претставници одговорноста ја лоцираа кај двете страни, а за конкретните последици ќе зборува есенскиот извештај на Европската Комисија. Засега доволно поразува уште еден доказ за политичката некултура која што беше испорачан од Собранието.

„Во случајот и од двете страни се одеше на дополнително вжештување на атмосферата наместо на спуштање на топката. Така не се гради здрава политичка култура и здрава парламентарна демократија. Овие се лекции, тоа е најстрашното, што се даваат на почетокот од транзицијата, што значи дека во раните 90-ти требаше овие работи да ги апсолвираме“, вели професорот Здравко Савески.

Со ваквото однесување, сосема обесхрабрувачки го потврдуваме рејтингот на „Фридом Хаус“ на земја со делумно развиена демократија, додека земји од соседството веќе го заслужиле рејтингот на развиени демократии, додава Савевски. Во секој случај, ефектот е сосема неизвесен и двата најважни фактори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со сосема погрешна перцепција очекуваат дека тие ќе бидат позитивни за нив, додава аналитичарот Хисен Рамадани.
Oд гледна точка на влошување на извештајот што треба да ни го даде Европската Комисија, сето тоа ќе има негативни реперкусии.


„Тие не очекуваат да станат пријатели опонентските партии, туку очекуваат таа комуникација да има одредени резултати, ефекти, а да биде на еден цивилизиран начин. Значи тие да комуницираат и кога се караат“, смета Рамадани

„Тоа е премногу ситно прашање од гледна точка на влошување на извештајот што треба да ни го даде Европската Комисија, сето тоа ќе има негативни реперкусии“, додава Савески.

Политичките фактори покажаа дека една едноставна ситуација тешко се пребродува што испраќа негативни сиглани кон меѓунароната заедница, додава Рамадани што ќе има одраз и врз понатамошните чекори кон евроинтеграциите.

По дваесетдневни тактизирања и навреди собраниските ривали успеја да ја дефинираат анкетната комисија којашто ќе го расчустува инцидентот цо Парламентот. Политичкиот дијалог се уште не профункционира по прашањето на деловникот за кој сеуште власта и опозицијата имаат различни предлози.
XS
SM
MD
LG