Достапни линкови

САД ги обновуваат врските со Индонезија


Соединетите држави ќе ја обноват безбедносната соработка со индонезиската армија по речиси деценија откако ги прекинаа односите. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс тоја го изјавил денеска на средбата со претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудојоно во Џакарта. Индонезиските сили беа обвинети за насилства во поранешната индонезиска провинција Источен Тимор во 1990-та. Од тогаш провинцијата е назависна. Некои американски официјални лица и групите за човекови права се спротиставија на нормализирање на односите меѓу САД и Индонезија. Индонезија е клучен сојузник на САД во муслиманскиот свет.
XS
SM
MD
LG