Достапни линкови

ХРВ - Кина ги кршеше меѓународните закони во Тибет


Хјуман Рајтс Воч ја обвини Кина за кршење на меѓународното право користејќи непригодна сила за време на немирите во Тибет пред две години, а потоа и тортура и нелeгaлно затворање. Кинеските власти го прекршиле и правото на слободен собир.
Хјуман Рајтс Воч својот извештај го базира на изјави на 200 тибетски бегалци, како и на претходно недостапните информации од официјални кинески преставници. Најмалку 19 лица загинаа во насилствата за кои Пекинг го обвини духовниот лидер на Тибет во егзил Далај Лама. Тој ги отфрли отфрли тврдењата на Пекинг.
XS
SM
MD
LG