Достапни линкови

Српска воена делегација во посета на Македонија


Воена делегација на Србија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Милоје Милетиќ, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Македонија. Делагацијата ќе има средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски и со министерот за одбрана Зоран Коњановски. На разговорите ќе стане збор за воената соработка, учеството во мисии во странство и зa користење на полигоните за обука во Македонија.
XS
SM
MD
LG