Достапни линкови

Меѓународниот суд ќе се изјасни за независноста на Косово


Меѓународниот суд на правдата во Хаг попладне ќе го даде своето советодавно мислење за унилатералното прогласување независност на Косово од Србија. На соопштувањето на мислењето ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ и на Косово Скендер Хисени. Мислењето на највисокиот суд на Обединетите нации ќе го соопшти претседателот Хисаши Овада во 15 часот во Хашката палата на мирот. Судот кој го сочинуваат петнаесет судии треба да одговори на прашањето дали едностраното прогласување независност од привремените институции на Косово е во согласност со меѓународното право. Расправата пред Меѓународниот суд започна на 1 декември минатата година, а 29 држави веќе го имаат изнесено своето мислење во однос на легалноста на прогласената независност на Косово.
XS
SM
MD
LG