Достапни линкови

Бајден: независноста на Косово неповратна


Потпретседателот на САД Џозеф Бајден изјави во Вашингтон дека независноста на Косово е неповратна и дека пред Косово се напредокот во економските и интегративните процеси. Во разговорот со премиерот на Косово Хашим Тачи, Бајден изјави дека територијалниот интегритет на Косово не може да се доведе во прашање. За време на повеќедневниот престој во Америка премиерот на Косово се сретна и со други високи претставници на САД и на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка.
XS
SM
MD
LG