Достапни линкови

logo-print

Во експлозија на бомба во Ирак 6 мртви


Во експлозија на автомобил-бомба во близина на џамија во централниот ирачки град Бакуба загинале најмалку шест луѓе а 14 се повредени, соопштуваа ирачките безбедносни сили. Експлозијата се случила во близина на џамија во претежно шиитски кварт . Американските и ирачките официјални лица предупредија на опасностите од пораст на насилството, ако преговорите за формирање на нова владејачка коалиција продолжат да се одолговлекуваат. Повеќе од четири месеци од одржувањето на избори во земјата се уште нема нова влада.
XS
SM
MD
LG