Достапни линкови

Харадинај уапсен по налог на Хашкиот трибунал


Поранешниот командант на ОВК и екс премиер на Косово Рамуш Харадинај вчера е уапсен на Косово , по налог на Хашкиот трибунал , и експресно префрлен во Хаг. Апелациониот суд денеска му ја поништи ослободителната пресуда и наложи делумно повторување на судењето, потврдуваат од Трибуналот. Во првостепената пресуда изречена во 2008-та Харадинаи беше ослободен од вината по сите 37 точки за злосторствата врз Србите и Ромите во околината на Дречани во 1998-та. Судењето ќе биде повторено по 6 од 37-те точки,а Харадинај до судењето ќе остане во притвор.
XS
SM
MD
LG