Достапни линкови

Работнички во борба за третото коло


Стадионот Филип Втори
Стадионот Филип Втори

Фудбалерите на Работнички утре против Мика ќе се борат за влез во третото квалификациско коло од Европа лигата, а со тоа и за двомеч со Ливерпул.

Оваа историска шанса на „романтичарите“ за одмерување на силите со најтрофејниот клуб кој некогаш гостувал во Македонија, е топ тема во домашната не само спортска јавност, која со нетрпение го очекува натпреварот во Ереван. Таму, Работнички ќе ја брани предноста од еден гол обезбедена во Скопје. Таа предност не е голема, но со давање на максимумот може да биде доволна за
Имаме добар резултат од 1:0, меѓутоа ќе биде доста тешко затоа што се работи за квалитетна екипа, меѓутоа мислам дека фудбалерите ќе соберат сили.
исполнување на целта, смета тренерот Зоран Стратев.

„Имаме добар резултат од 1:0, меѓутоа ќе биде доста тешко затоа што се работи за квалитетна екипа, меѓутоа мислам дека фудбалерите ќе соберат сили да направиме еден позитивен резултат со кој ќе бидат сите задоволни и ние и љубителите на фудбалот, затоа што знаеме каков предизвик е Ливерпул.“

Според Стратев, Работнички на теренот на Мика нема да игра затворено:

„Работиме овие денови на тие тактички варијанти каде што преку тие контри и полуконтри би успеале да стигнеме до противничкиот гол, и мислам дека 90 отсто од работата би ја завршиле со еден постигнат гол и би се нашле во третото коло.“
Можноста да се игра со Ливерпул претставува голема чест, затоа што можеби до сега во Македонија имало големи екипи, меѓутоа Ливерпул самото име зборува со кого треба да
се игра.


Фудбалерите на Ливерпул го прославуваат освојувањето на ФА Купот во 2006

Слично размислуваат и фудбалерите. Тие се свесни дека во Ереван нема да биде лесно, но и веруваат дека ќе стигнат до дуелот кој постојано им е во мислите.

„Мика е квалитетен противник кој ќе биде тешко да се помине, значи тие го знаат идниот противник и нивен иден противник е исто така Ливерпул, така што и тие ќе дадат се за да одат понатаму, но се надевам дека и ние имаме квалитет да ги сочуваме скопските 1:0“, рече капитенот Никола Глигоров.

Искусниот Горан Димовски додава дека е голема желбата да се игра против Ливерпул.

„Можноста да се игра со Ливерпул претставува голема чест, затоа што можеби до сега во Македонија имало големи екипи, меѓутоа Ливерпул - самото име зборува со кого треба да се игра, значи не постои некоја цена, некои пари, што може да го купи името Ливерпул. Значи честа е огромна, ќе дадеме се од себе во Ерменија да одиграме максимално, да избориме што поповолен резултат, за да дојдеме до тој момент со Ливерпул.“

Покрај Работнички, утре реванш меч од второто претколо од Лигата на Европа, ќе игра и освојувачот на Купот, Тетекс. По ремито без голови во Естонија, текстилците во Скопје ќе го пречекаат Вентспилс. Победникот од овој дуел, во наредната рунда ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу шведскиот Елфсборг и молдавската Искра.
XS
SM
MD
LG