Достапни линкови

Опозицијата со нови барања за деловникот


Опозицијата бара на секоја втора редовна собраниска седница да предлага по една точка на дневен ред . Бараат и освен донесување на Деловникот да се формира постојано работно тело за контрола на буџетските пари. Од партијата велат дека ова го прават за граѓаните и за добивање на позитивен извештај од Европската комисија. Опозицијата до сега бараше да предлага точка на дневен ред на секоја пленарна седница, а од владејачкото мнозинство сметаат дека тоа право треба да го искористат само еднаш месечно.
XS
SM
MD
LG