Достапни линкови

НАТО сака подобри односи со Пакистан


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска изјави дека Алијансата сака да воспостави посилни врски со Пакистан. Расмусен денеска имаше средба со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши во Исламабат. Шефот на НАТО ја повтори определбата да останат во Авганистан и по 2014-та откако земјата ќе го презеде водството со безбедносните операции. Расмусен ја пофалил и виталната улога на Пакистан за безбедноста во регионот .
XS
SM
MD
LG