Достапни линкови

logo-print

Во поплавите во Кина, над 700 загинати


Во поплавите што ја зафатија Кина досега загинале над 700 луѓе, додека околу 350 се водат за исчезнати. Ова денеска во Пекинг го изјави генералниот секретар на кинеската агенција за спречување на поплавите Лиу Нинг. Тој оцени дека станува збор за најголемите поплави во Кина во изминативе десет години. Имено, со нив биле погодени скоро три четвртини од провинциите во земјата, а материјалната штета се проценува на околу 16 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG