Достапни линкови

Судењето на Харадинај ќе биде делумно повторено


Судењето на поранешниот претседател на косовската влада и некогашен командант на ОВК Рамуш Харадинај ќе биде делумно повторено, бидејќи Апелациониот совет на Хашкиот трибунал денеска ја усвои жалбата на обвинителството на првостепената ослободителна пресуда. Во таа пресуда изречена во април 2008 година Харадинај и второобвинетиот Идриз Баљај беа ослободени од вината по сите 37 точки за злосторства врз србите и ромите во околината на Дечани во 1998 година. Судењето ќе биде повторено по шест точки на обвинението.
XS
SM
MD
LG