Достапни линкови

logo-print

Курдските бунтовници предлагаат разоружување


Лидерот на курдските бунтовници Мурат Карајилан изјави дека неговите борци ќе се разоружаат доколку турската влада исполни неколку услови. Говорејќи за Би Би Си од планискиот предел на ирачки Курдистан, тој прецизизира дека разоружувањето би било под надѕор на Обединетите нации. Претходно Турција би требало да се согласи на примирје и да ги прекине нападите на курдските цивили во источниот дел на земјата. Карајилан бара и поголеми јазични и културни права за турските курди. Турската влада соопшти дека не коментира изјави на терористи. Во 26 годишниот конфликт загинаа околу 45 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG