Достапни линкови

Србија ќе поднесе „балансирана“ нацрт- резолуција за Косово


Србија е подготвена во Генералното собрание на ОН да поднесе „балансирана“ нацрт-резолуција за Косово по објавениот став на Меѓународниот суд во Хаг за легитимноста на прогласената независност на Косово, изјави српскиот вицепремиер одговорен за евроинтеграции Божидар Ѓелиќ. Нацрт-резолуцијата ќе биде балансирана и ќе ја покаже желбата на нашата земја да се постигне компромис по сите прашања, вклучувајќи го и прашањето за статусот на Косово, истакна Ѓелиќ. Првата етапа е да се воспостави дијалог. Сегашната ситуација не му оди во корист никому, додаде српскиот вицепремиер. Тој уште еднаш повтори дека каква и да биде позицијата на Меѓународниот суд, Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG