Достапни линкови

Клинтон и Гејтс во Јужна Кореја


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс денеска престојуваат во Јужна Кореја со цел да изразат поддршка на оваа земја, во услови на пораст на тензиите на полуостровот по смртоносниот поморски напад за кој беше обвинета Северна Кореја. Клинтон и Гејтс ја посетија демилитаризираната зона која ги одвојува двете Кореи и им оддадоа почит на 46-те јужнокорејски морнари кои загинаа кога нивниот брод беше потопен во март годинава. Нивната посета на регионот доаѓа пред големата американско- јужнокорејска поморска вежба, што ќе се одржи од 25 до 28 овој месец.
XS
SM
MD
LG