Достапни линкови

Давутоглу се сретнал со прогонетиот лидер на Хамас


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу вчера во Дамаск се сретнал со прогонетиот лидер на Хамас Халед Мешаал, објавија турските медиуми. Давутоглу и Мешаал ги разгледале напорите за зближување на ставовите на радикалното движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, и движењето Фатах на Махмуд Абас, како и мировниот процес на Блискиот Исток. Средбата се случува во момент кога односите меѓу доскорешните сојузници Турција и Израел се во тешка криза поради израелскиот напад врз меѓународниот брод кој превезувал хуманитарна помош за Појасот Газа на 31 мај, при што беа убиени девет турски државјани. Израел, кој го смета Хамас за терористичка организација, остро реагираше на информацијата за вчерашната средба.
XS
SM
MD
LG