Достапни линкови

Контроверзен закон за безбедност


Законот чека потпис на претседателот Дмитри Медведев
Законот чека потпис на претседателот Дмитри Медведев

Парламентот на Русија усвои контроверзeн закон со кој се прошируваат овластувањата на Федералната служба за безбедност. Според законот, Федералната служба може да предупредува, да казнува, да апси поединци за кои се сомнева дека можат да извршат кривично дело или пак кои ја попречуваат работата на службата.

Предложувачите на законот велат дека со овие мерки ќе им се помогне на безбедносните сили да го спречат тероризамот и радикализмот меѓу младите во земјата. Законот е инспириран од смртоносните самоубиствени напади во московското метро и од други инциденти . Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека законот е насочен кон подобрување на постоечките закони.

„Секоја земја има право да ja подобри своите легислатива, вклучително и во однос на безбедносните служби, и ние ќе го сториме тоа. И сакам да знате дека овој предлог-закон беше подготвен на мои директни инструкции.“

Претходно овој месец, по протестите на оранизациите за човекови права, беа отстраени одредбите од законот со кој може да и се овозможи на Федералната слижба да ги казнува оние кои не и одговараат. Активистите за човекови права, адвокатите и членови на опозицијата велат дека под маската на законот за поголема сигурност може да се крие инструмент за заплашување на противиниците и за задушување на протести.

Во отворено писмо, претседателот на Мемориал Олег Орлов, претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права Људмила Алексејева и членови на опозицијата велат дека законот ќе биде голем удар врз личните права и ќе ги врати во време кога КГБ имал апсолутна моќ. Во писмото се вели дека новите мерки ќе го поткопаат принципот на „невин додека не се докаже спротивното.“


Заменичката на претседателот на Думата, Љубов Слиска вели дека безбедносните сили не се над законите и затоа не можат да го користат законот за злоупотреба на власта.

„Мислам дека службениците нема да ги злоупотребуваат нивните областувања. Тие се исто така руски државјани и ако го прекршат овој закон или било кој друг ќе бидат казнети. А тука е и обвинителството да го надгледува спроведувањето на законот.“

Активистот за човекови права и поранешен советски политички затвореник Александар Подрабинек вели дека законот е моќна играчка во рацете на власта. Тој не го гледа како искрен обид да се подобри безбедноста.


„Безбедносните служби сега се обидуваат да ги прошират своите овластувања, дури и од таков бесмислен начин, и тие тоа го прават не за да ја завршат својата работа подобро, туку да го подобрат својот имиџ во очите на другите владини институции. Мислам дека ова е амбициознa политички игра.“

Во периодот од 2000 до 2008, кога претседател на Русија беше Владимир Путин, кој и самиот e поранешен агент на КГБ, забележително и се зголемија овластувањата на Федералната служба. Активистите за човекови права се надеваa дека неговиот наследник, Медведев, ќе им ги одземе овластувањата на федералните служби, но сега велат дека тој направил само козметички промени.










































.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG