Достапни линкови

Русија ги отпишува долговите на Авганистан


Русија досега има отпишано 12 милијарди долари долгови кои Авганистан и ги должи, изјави министерот за внатрешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Москава само оваа година отпишала долгови на Авганистан во висина од 891 милион долари. Русија и понатаму испорачува хуманитарна помош за Авганистан, пченично брашно во вредност од пет милиони долари на име на Обединетите нации за храна и земјоделство. Русија и Авганистан во 2007 година договорија регулирање на авганистанскиот државен долг кон Советскиот сојуз, настанат од испорака на оружје. Во 2007 година висината на долгот е проценет на 11 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG